Францускиот суд денеска и наложи на шведската компанија ИКЕА да плати казна од милион евра поради шпионирање на вработените, откако најголемиот светски трговец со мебел беше прогласен за виновен за неправилно собирање и чување на податоци за своите вработени.

Француската филијала на ИКЕА беше обвинета поради неколкугодишно нарушување на приватноста на вработените со прегледување на нивните банкарски сметки и понекогаш користејќи лажни вработени за да напишат извештаи за вработените.

Обвинителите се залагаа за парична казна од два милиона евра против фирмата, чиј сопственик е Групацијата Инга.

Компанијата соопшти дека ја разгледува одлуката на судот за да види дали има потреба од дополнителни мерки, откако презеде чекори за укинување на надзорот.

„ИКЕА ретаил Франс“ (IKEA Retail France) остро го осуди шпионирањето на вработените, се извини и спроведе голем акциски план за да спречи тоа да се повтори.

Поранешниот извршен директор на фирмата во Франција, Жан-Луј Бајло, исто така беше прогласен за виновен во случајот и му е изречена двегодишна условна затворска казна.

Судиите го казнија со 50.000 евра за чување лични податоци.

Обвинувањата беа за периодот 2009-2012 година, иако обвинителите рекоа дека шпионските тактики започнале многу поодамна.

Неколку шефови на продавници и вработени во човечки ресурси, како и приватен истражител и полициски службеници исто така се обвинети за незаконско собирање на податоци за вработените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.