– Рускиот министер за надворешниработи Сергеј Лавров следната недела ќе го посети Вашингтон за да се
сретне со државниот секретар Мајк Помпео, соопштија американски официјални претставници.

Помпео ќе биде домаќин на Лавров во вторник, а се очекува заедничка прес-конференција по разговорите, соопштија двајца неименувани официјални лица.

Не е познато дали Лавров за време на патувањето планирал други состаноци. Официјалните лица сакаа да останат анонимни затоа што не беа овластени јавно да зборуваат за планираната средба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.