На Нов Зеланд денеска се потврдени најмногу новозаразени во еден ден со корона вирус, од почетокот на пандемијата.

Делта варијаната се шири во најголемиот град Окленд.

Оваа јужнопацифичка држава пријави денеска 94 новозаразени од кои 87 од Окленд.

Ројтерс наведува дека од почетокот на пандемијата потврдени се вкупно 2.099 случаи позитивни на Ковид-19, 28 починаа.

Пред некое време, нов Зеланд важеше за зeмја која успешно се бори со корона вирусот, но сега се бори да го сопре ширењето на делта варијантата пред сѐ во Oкленд, но и во соседните региони покрај строгите мерки, карантинот и затворањето на границите.

Околу 1,7 милиони граѓани на Окленд и понатаму се под ригорозни ограничувања, но тоа не го сопре порастот на новозаразени.

Вчера, во Окленд локдаунот беше продолжен за уште две недели, а властите за порастот на бројот новозаболени ги обвинија оние кои ги кршат рестриктивните мерки и невакцинираните граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.