На заедничката изјава на Советот за човекови права, со која се повикува Руската Федерација за итно и безусловно ослободување на Алексеј Навални и сите лица кои се незаконски или произволно лишени од слобода, потпишана и Македонија, веста ја пренесуваат повеќето регионални медиуми, објави Макфакс.

Во изјавата, потпишана од 45 други земји, се изразува загриженост за влошувањето на човековите права и основните слободи во Руската Федерација. Во изјавата, потпишана од 45 други земји, стои дека „апсењето на Навални и изрекувањето на казна се засноваа на претходната пресуда што Европскиот суд за човекови права ја прогласи за произволна и очигледно неразумна.

На списокот на држави потписнички се вклучени и Црна Гора, Албанија, Хрватска, Франција, Германија, Велика Британија и САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.