Првата количина вакцини против корона вирусот пристигна денес во Либија, со испорака на 100.000 дози на рускиот Спутник V. Министерството за здравство на Либија објави дека 100 илјади дози руски вакцини Спутник V пристигнале во Триполи, по што привремениот премиер Абдул Хамид Дебејбах објави дека ова се првите количини вакцини против корона вирусот.

„Фала му на Бога, успеавме да ги увеземе првите дози вакцини против корона вирусот“, објави Дбејбах на својот профил на Твитер и апелира до граѓаните да аплицираат за вакцинација на официјалниот портал, пренесува лондонски „Гардијан“.

Светската здравствена организација предупреди минатата недела дека две нови варијанти на вирусот се шират низ Либија, каде што од почетокот на пандемијата се регистрирани над 160.000 заразени и околу 2.700 смртни случаи од ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.