Иранскиот министер за индустрија и трговија Реза Рахмани е инфициран од новиот коронавирус, објави иранскиот весник „Аср е Иран”.

Според весникот Рахмани е хоспитализиран во Техеран.

Претходно беше соопштено дека новиот коронавирус е откриен кај 23 ирански пратеници, а заразени се и потпретседателот на Парламентот и заменик министерот за здравство. Додека од Ковид-19 веќе почина советникот на верскиот лидер Мохамед Мир-Мохамади.

Иранското Министерство за здравство денеска соопшти дека досега се регистрирани над 2.900 инфицирани лица, од кои 932 починаа, а оздравени се 552.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.