Германија денеска и се приклучила на Франција во одлуката да не ја купува потенцијалната вакцина против коронавирусот преку програмата на Светската здравствена организација, иако го поддржува тој проект.

Извори од германската администрација наведуваат дека Берлин нема да зима резерви преку програмата на СЗО, “Ковакс”, туку потенцијалните вакцини ќе ги зема преку проектите на ЕУ.

СЗО го одредила денешниот датум како краен рок членките да се приклучат кон “Ковакс”, чија цел е купување на вакцина, односно обезбедување на нејзина ефикасна и чесна поделба ширум светот.

Изворите истакнуваат дека Германија го поддржува “Ковакс” и дека Европската комисија на овој програм му дава 400 милиони евра од буџетот за развој на Унијата, но не е познато дали Берлин ќе дава дополнителни средства како што планира Франција.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рекол дека повеќе од 170 земји се приклучиле на тој проект.

СЗО побарала од администрациите на земјите од светот да се приклучат кон програмот “Ковакс”, за да се обезбеди вакцината да биде поделена чесно и ефикасно, и да се спречи вакцинациски национализам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.