Амал Клуни, истакната адвокатка за човекови права, поднесе оставка од функцијата специјална претставничка на Велика Британија за слобода на медиумите во знак на протест против намерата на Владата да го прекрши меѓународното право со донесување закон за внатрешен пазар

„Во жестоката осуда на заканата на британскиот премиер Борис Џонсон дека ќе ги прекрши британските меѓународни договорни обврски во договорот за повлекување од ЕУ, таа ги оцени постапките на Владата како жалосни“, објави „Гардијан“.

Нејзината оставка следи откако Рикард Кин, владин правен службеник за Шкотска, поднесе оставка во средата, бидејќи се спротивстави на истиот закон.

Една недела порано, главниот владин адвокат Џонатан Џонс исто така поднесе оставка додека министрите се подготвуваа да го објават законот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.