Илјадници луѓе повторно се собраа денеска  во центарот на Лондон во знак на протест против смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис, Минесота.

Локалните медиуми известуваат дека демонстрантите, од кои многумина носеле маски, извикувале „Нема правда, нема мир“ и „Животите на црнците се важни“.

Некои носеа транспаренти на кои пишува: „Велика Британија не е невина – да се биде помалку расист сè уште е расист“ и „Расизмот е глобално прашање“.

Некои скандираа против американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Борис Џонсон.

Афроамериканецот Џорџ Флојд почина за време на бруталното апсење од страна на четворица полицајци во Минеаполис, што предизвика протести низ САД и пошироко

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.