Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, најави дека кинеската телекомуникациска компанија „Хуавеј“ во Будимпешта ќе изгради истражувачки и развоен центар.

Сијарто истакна дека инвестицијата ќе обезбеди работни места за најмалку сто унгарски инженери.

Соработката помеѓу Унгарија и Кина е подобра од кога било. Инвестицијата претставува пресвртница во унгарското отворање кон источната стратегија – истакна Сијарто.

Новиот центар ќе се фокусира на вештачката интелигенција, стриминг, обранотка нафотографии, технологија за пренос на сигнали и на големите дистрибутивни системи.

Развојниот проект ќе придонесе за дополнително зајакнување на угледот на унгарските инженерски вештини – порача Сијарто.

Новиот развоен центар ќе биде трета инвестиција на Хуавеј во Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.