Припадници на шпанската армија пронајдоа напуштени стари лица и неколку тела во пензионерски домови погодени од епидемијата на новиот коронавирус. Тоа го соопшти синоќа шпанската министерка за одбрана.

– Нема да имаме разбирање за тоа како се третираат тие луѓе во тие домови, изјави Маргарита Роблес за телевизијата Телесинко.
– Војската можеше да види целосно напуштени стари лица за време на проверки во некои домови, па дури и тела во кревети, рече таа без да открие детали.

Државниот правобранител најави „истрага за утврдување на тежината на делото.“ Шпанските медиуми пишуваат дека кога се сомничи протокол за коронавирус, телата на починатите не смеат да бидат допрени до пристигнувањето на лекари. Сепак, со оглед на големиот број смртни случаи, лицата задолжени за погреби понекогаш пристигнуваат доцна.

Армијата имала задача да изврши дезинфекција на пензионерски домови бидејќи се пријавени десетици смртни случаи во повеќе установи, особено во Мадрид и во автономната заедница Кастиља-Ла Манча, во централна Шпанија.

– Домовите за стари лица се апсолутен приоритет на Владата. Ние строго ќе ги следиме тие институции. Ние ги мобилизиравме сите капацитети, рече министерот за здравство Салвадор Ила на прес-конференција.
Шпанија настрада најтешко во пандемијата на коронавирусот во Европа по Италија, со повеќе од 33.000 пријавени случаи и речиси 2.200 починати од вирусот од 13 февруари

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.