Експертите кои ја советуваат Холандија во врска со кризата поради коронавирусот ја советуваат Владата да ги отвори градинките и основните училишта, стои во документи кои ги објави телевизијата НОС.

Владиниот специјален тим за управување со епидемијата соопшти дека може да се управува со ризикот по јавното здравје од повторно отворање училишта, дневни центри и специјални институции за образование по мајските празници, но дека училиштата треба да започнат со работа со помалите одделенија.

Националниот училишен распуст завршува на 3 мај, но некои училишта го продолжија до 11 мај.

Училишта во Холандија беа затворени на 14 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.