Во Холандија денеска се регистрирани речиси 8.000 нови случаи на заразени со корона вирусот. Тоа претставува втор ден по ред како се регистрирани рекорден број на пациенти.

Како што соопшти Националниот институт за јавно здравје, во денешниот регистар има 7.984 новозаразени, додека вчера таа бројка дојде до 7.791 случај.

Во најновиот извештај се регистрирани и 16 нови починати пациенти.

Во Холандија кон крајот на мај имаше опаѓање на бројот на заразени, но на почетокот на август бројките почнаа да растат.

Од почетокот на епидемијата во земјата има вкупно 211.938 заразени лица, од кои 6.708 починале.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.