Во пресрет на Меѓународната донаторска конференција за санирање на последиците од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26 ноември минатата година, Холандија одлучи да и донира три милиони евра.

Веста ја објави министерот за надворешни работи на Холандија, Штеф Блок, во видео запис на Твитер.

Холандија е силно посветена да и помогне на Албанија во нејзините напори за обнова. Во солидарноста со албанскиот народ, Холандија ќе донира три милиони евра – пишува Блок.

Тој додаде дека разорниот земјотрес што ја погоди Албанија минатата година ги шокирал сите.

Видов снимки од штетата, премиерот Еди Рама и мојот колега Гент Цакај ми раскажаа случки за албанските граѓани кои станаа жртви на оваа катастрофа, што ни ги скрши срцата. Заедно за Албанија – наведе Блок.

Инаку, Европската Комисија неколку дена по земјотресот одлучи да даде 15 милиони евра за Албанија за санирање на штетите од разорниот земјотрес.

В понделник,17 февруари, во Бирсел ќе се одржи Меѓународна донаторска конференцја за Албанија,со која ќе раководи претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Проценетата материјална штета од земјотресот изнесува 985.074.906 евра

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.