Виш управен суд во Минстер забрани употреба на автомобилските регистарски таблички со ознака „HH 1933“ (ХХ 1933), бидејќи премногу асоцира на периодот на националсоцијализам и доаѓањето на Хитлер на власт, поради што се коси со правилата за почитување на моралот и обичаите.

„Комбинацијата на бројки и букви, врз основа на општото познавање на историјата, е соодветна за поврзување со националсоцијалистичкиот режим, што се коси со законот за забрана на кршење на правилата за морал и обичаи“, се наведува во образложението од Судот.

„ХХ 1933“ асоцијара на националсоцијалистичкиот поздрав „Хајл Хитлер“, a 1933 е годината кога Хитлер, на чело на националсоцијалистите, дојде на власт во Германија.

Судот со тоа ја отфрла тужбата од маж од западногреманскиот град Вирсен, кому надлежната градска служба прво му дала одобрение на тие таблички, но по поплаката од еден граѓанин, го повлече одобрението. Сопственикот потоа се обратил до Судот во Дизелдорф, кој го одбил неговото барање, поради што се обратил и до Вишиот суд во Минстер, кој ја потврди одлуката на пониската инстанца

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.