Џејмс Форд, еден од сведоците на терористичкиот напад на Лондонскиот мост, всушност и самиот е убиец кој е осуден на доживотна казна затвор.

Форд во 2003 година ја убил Аманда Чемпион, а во текот на инцидентот на Лондонскиот мост бил на еднодневен отпуст од затвор.

Форд се обидувал да спаси една од жртвите и да го разоружа Усман Кан, терористот кој го извршил нападот.

Дента, случајно, Форд бил на конференцијата “Учиме заедно”, посветена на рехабилитација на затвореници, на која бил и Усман Кан, кога се заканил дека “ќе ја крене зградата во воздух”, пренесува Индепендент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.