Американскиот воен ветеран Глендон Оукли е херој за многумина, откако за време на масакрот во Тексас затекнал деца без родители пред игротека и ги одвел на сигурно.

Глендон изјавил дека бил во продавница за спортска опрема кога влетало момче и кажало оти има напаѓач во трговскиот центар.

Продавачот и јас мислевме дека се шегува, но брзо потоа го слушнавме пукањето. Тргнавме кон излезот, кога забележав група уплашени деца. Ги одведов со себе надвор – кажал тој.

Оукли го извадил и пиштолот за кој имал дозвола, со цел да се заштити. Поради тоа, за малку ќе настрадал.

 На паркингот ме запреа полицајци, кои мислеа дека јас сум напаѓач. Им ја покажав дозволата и ми рекоа дека е во ред. Не размислував за својот живот, сешто можеше да се случи – рекол тој потресен за „Си-Ен-Ен“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.