Чешката полиција употреби денеска солзавец и водени топови со цел да ги растера демонстрантите во Прага, кои ја нападнале полицијата по одржаните протести поради новите владини рестриктивни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

(фото: Michal Cizek)

Во судирот меѓу демонстрантите и полицијата се повредени најмалку 20 лица.

(фото: Michal Cizek)

На собирот учествувале повеќе илјади луѓе, меѓу кои фудбалски и хокеарски навивачи, кои протестирале поради воведените мерки, со кои се забранети и спортските натпревари, како и затворање на ноќни клубови и ресторани.

(фото: Michal Cizek)

Исто така, забрането е и собирање на повеќе од шест лица, но се дозволени протести до 500 луѓе доколку се раздвоени во групи од по 20 лица и ако носат заштитни маски.

(фото: Michal Cizek)

Многу демонстранти не носеле маски. Бидејќи полицијата соопшти дека нивниот број е поголем од 500, организаторите го завршија собирот. Некои од демонстрантите останале на плоштадот и почнале да ја гаѓаат полицијата со шишиња, камења и други предмети.

Во Чешкаденеска беа регистрирани уште 8.713 нови случаи на коронавирус, што е најголем број забележан во викенд , која моментно има највисока стапка на зараза со вирусот во Европа.

Заменик премиерот Карел Хавилчек најави дека за најмалку две недели Владата ќе одлучи дали ќе воведе целосен карантин за спречување на епидемијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.