Еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан изјави дека Западен Балкан и припаѓа на Европа и напорите на земјите од тој регион ќе бидат наградени.

Тој за хрватскиот весник „Експрес“ истакна дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ претставува процес кој се темели врз заслуги и како таков е во вистински интерес за Унијата.

– Станува збор за „извоз на стабилност наместо увоз на нестабилност“, нагласи Хан, кој е поранешен еврокомесар за проширување.

Тој на „балканските пријатели“ им порача да продолжат со реформите кон европскиот пат и тоа ќе биде признато.

Хан потсети дека минатиот месец ЕУ одлучи да отвори пристапни преговори со Македонија и Албанија и покрај кризата поради пандемијата на коронавирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.