Европскиот комесар за буџет и поранешен комесар за проширување Јоханес Хан најави дека нема да бара четврти мандат во комисијата и дека ќе се пензионира на крајот на сегашниот мандат следната година.

„На крајот на октомври следната година, односно на крајот на овој мандат ќе завршам. Дотогаш, секако, ќе продолжам да работам со полн ентузијазам, а има многу работа во мојот оддел. Но, три успешни мандати се доволни“, изјави Хан за австрискиот весник „Салцбургер нахрихтен“.

Претходно весникот „Стандарт“ објави дека Хан, кој е еврокомесар со најдолг мандат, „внатрешно“ веќе ја доставил одлуката за повлекување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.