Официјалната интернет страница на претседателската кампања на Доналд Трамп беше хакирана на една недела пред претседателските избори во САД.

Оваа страница е запленета – гласеше пораката објавена неколку минути подоцна на donaldjtrump.com.

Хакерите напишаа дека имаат доверливи информации за Доналд Трамп и неговата влада и побараа плаќање во крипто валута за да се открие таа содржина. Сепак, хакерите не дадоа докази за да ги поткрепат нивните изјави.

Портпаролот на кампањата „Трамп 2020“, Тим Муртај, го потврди хакирањето на интернет страницата, објаснувајќи дека работи со полицијата за да се открие изворот на нападот.

Ниту еден чувствителен податок не е откриен, бидејќи ниту еден не е зачуван на оваа страница – изјав Муртај, додавајќи дека страницата работи повторно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.