Бензинските пумпи ширум Иран биле цел на хакерски напад, поради што илјадници Иранци останаа без можност да наполнат гориво.

Хакираните компјутерски системи на пумпите го покажувале само прашањето „Каде е гасот?“ упатено до иранскиот врховен лидер.

Нарушувањата во системот за полнење гориво на бензинските пумпи во изминатите неколку часа беа предизвикани од кибернапад. Техничките експерти го решаваат проблемот и процесот на полнење гориво наскоро ќе се нормализира – информира иранската национална телевизија.

Нападите доаѓаат речиси две години по големите протести што ја зафатија земјата поради големиот пораст на цените на горивото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.