Поранешниот судија на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Волфганг Шомбург, е убеден дека рускиот претседател Владимир Путин би можело да биде киднапиран за да му се суди за наводни воени злосторства во Украина.

Шомбург вели дека воените злосторства извршени од руските трупи ќе бидат кривично гонети и изразува надеж дека апсењето на Путин ќе биде можно со издавање тајни налози и дека делата што може да се судат пред Меѓународниот суд на правдата вклучуваат воени злосторства на руската армија.

Тоа се злосторства против човештвото, а тоа вклучува убиства и силувања, како и геноцид, односно масовни убиства на делови или на целото цивилно население – објаснува Шомбург.

Тој додава дека во моментов не треба да се очекува дека војниците ќе бидат доведени во правдата поединечно.

Шомбург вели дека се надева оти ќе му се суди и на Путин.

Тој не би бил првиот лидер на државата што треба да одговара – вели германскиот адвокат.

Шомбург додава дека државите ќе издаваат тајни налози за апсење, кои ќе можат да се применат за време на идните патувања на Путин во странство, бидејќи не верува оти Путин ќе може да биде уапсен во Москва.

Имавме успешни апсења од други земји – заклучува Шомбург

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.