На социјалните мрежи се проширија снимки од колони автомобили, како и фотографии од редови луѓе кои чекаат на студ пред рестораните на „Мекдоналдс“, по најавата на компанијата дека ќе ги затвори сите објекти во Русија.

„Мекдоналдс“ вчера објави дека привремено ги затвора сите 847 ресторани во Русија како одговор на руската инвазија на Украина. Извршниот директор Крис Кемпчински рече дека синџирот ќе го паузира работењето во Русија, но ќе продолжи да ги плаќа своите руски вработени, а непрофитната организација „Роналд Мекдоналд Хаус“ ќе продолжи да работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.