По зимската бура и по многу ниските температури, властите во Тексас привремено им забранија на електродистрибутивните компании на граѓаните да им испраќаат сметки за струја или да ги исклучуваат од мрежата поради неплатени сметки, соопшти гувернерот на Тексас Грег Елиот.

Тексашани кои во текот на ледените денови беа без електрична енергија не би требало да бидат изложени на астрономски сметки за електрична енергија – рече Ебот и додаде дека државата наскоро ќе најде начин да ги заштити тие потрошувачи.

Според Ебот граѓаните за пет дена, колку што траеше студениот бран, кои не останале без електрична енергија добиле сметки од пет илјади долари за тој период на зголемена потрошувачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.