Гувернорот на Њујорк, Ендрју Куомо, од утре нареди затворање на училиштата во жариштата на корона вирус во државата, вклучително и квартовите во Бруклин и Квинс.

Нема да препорачам или да дозволам ниту едно семејство во Њујорк да го испрати своето дете во училиште во кое не би го испратил моето дете – порaча Куомо.

Тој истакна и дека во овие жаришта државата ќе ја преземе од локалните власти имплементацијата на мерките за социјална дистанца. Куомо изрази загриженост за сличен пораст на нови инфекции во неколку окрузи северно од градот Њујорк, вклучувајќи ги Рокландс и Оринџ.

Њујорк беше меѓу првите погодени од пандемијата на корона вирусот на пролет, но оттогаш во голема мера успеа да го контролира ширењето на епидемијата.

Претходно градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, објави дека поради зголемувањето за нови зарази во училиштата во 11 градски окрузи од среда ќе бидат затворени на една недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.