Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом прогласи вонредна состојба поради коронавирусот во државата, каде досега има 53 потврдени случаи.

Тој прогласи вонредна состојба откако локалните власти ја објавија првата жртва ов коронавирусот во Калифорнија.

Починало постаро лице со здравствени проблеми.

Тоа беше првиот смртен случај во САД вон државата Вашингтон, каде починаа десет лица.

Нови случаи се пријавени и во двата најголеми градови во САД, Њујорк и Лос Анџелес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.