Полицијата во Панама уапсила двајца државјани на таа земја кои превезувале поголема количина на дрога во автомобил, а меѓу уапсените е и Ерик Мартело, гувернер на панамската држава Гуна Јала.

Во автомобилот се пронајдени 79 пакувања со дрога, а полицијата објави фотографија на која се гледаат пакувањата спакувани покрај возилото.

Полицијата соопшти дека реагирала на пријавата и го пресретнала автомобилот во раните утрински часови. Дрогата била скриена под седиштата.

Панамскиот претседател Нито Кортизо на Твитер напиша дека е „посветен на политиката на нулта толеранција кон однесувањето што е спротивно на етиката кон која мора да се придржуваат јавните службеници“.

Гуна Јала се наоѓа на брегот на Карибите и е населена со домородно население. Панама се граничи со Колумбија на југ, а шверцерите често го користат долгиот брег како канал за транспорт на дрога на север.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.