Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на отворањето на сесијата по повод 75-годишнината од ОН, порача дека само поблиската и поефикасна соработка може да ги реши бројните предизвици со кои се соочува светот во денешницата.

Гутереш додаде дека геополитичките тензии ескалирале од основањето на ОН и дека нуклеарното оружје станало голема опасност.

Според него, најновите настани, а особено пандемијата на корона вирусот, ја покажале целата ранливост на светот, поради што земјите мора да се обединат за заедно да ги решат проблемите.

Меѓународната соработка е клучна за соочување со реалноста. Солидарноста е уште попотребна – рече Гутереш.

Зборувајќи за основањето на ОН, Гутереш порача дека требало да се случат две светски војни и милиони жртви со цел светските лидери да се договорат за соработка и владеење на правото, што донело резултати.

Пред нас се многу предизвици, како што се климатските промени, зголемениот глад низ целиот свет, но и зголемената омраза – заклучи Гутереш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.