Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, предупреди дека човештвото е неприфатливо близу до нуклеарно уништување поради тоа што речиси 14.000 нуклеарни оружја се складирани низ целиот свет.

Според ОН, денеска е Меѓународен ден за целосна елиминација на нуклеарно оружје.

Сега е време да го тргнеме облакот од нуклеарен конфликт за добро, да го елиминираме нуклеарното оружје од нашиот свет и да почнеме нова ера на доверба и мир – истакна Гутереш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.