Компанијата „Гугл“ соопшти дека презела акција против хакерски операции за кои се верува дека заразиле повеќе од милион компјутерски уреди.

Технолошкиот гигант ќе го нападне таканаречениот „Глуптеба ботнет“ и ќе тужи двајца Руси кои наводно стојат зад нападот, објави „Сан“.

Станува збор за озлогласен малициозен софтвер познат по преземањето контрола врз оперативните системи „Виндоус“ на компјутерите.

Злонамерниот напад се ширел на илјадници уреди на дневна основа.

„Гугл“ соопшти дека ја запрел операцијата на хакирање со отповикување на околу 63 милиони документи на „Гугл“ откриени дека споделуваат „Глуптебa“, повеќе од 1.100 профили на „Гугл“ и 870 реклами на „Гугл“.

Сепак, „Гугл“ предупредува дека кибер-криминалците кои стојат зад нападот презеле чекори за да ја одржат мрежата вклучена.

Ги разбираме и препознаваме заканите со кои се соочува Интернетот и правиме се што можеме за да ги решиме – соопштија од американскиот технолошки гигант.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.