Компанијата „Гугл“ ќе уплати 25 милиони долари во новоформираниот Европски фонд за медиуми и информации за борба против лажните вести, што ќе работи пет години.

„Гугл“ ова го објави во контекст на критиките дека технолошките гиганти не прават доволно за да ги откријат дезинформациите на Интернет.

Како што пренесуваат странските медиуми, пандемијата на Ковид-19 и минатогодишните избори во САД предизвикале зголемување на дезинформациите, а некои ги критикуваат социјалните медиуми дека не се поактивни во решавањето на проблемот. Регулаторите најавија дека можат да воведат строги ограничувања.

Доживувајќи ја неизвесноста и предизвиците во изминатата година, се покажа дека е поважно од кога и да е луѓето да имаат пристап до точни информации и да можат да разликуваат факти од фикција – изјави претставникот на „Гугл“, Мет Бритин, во објава на блог.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.