Компанијата „Гугл“ ги отфрли наводите на американскиот претседателот дека оваа компнија помага на Кина и нејзината армија, јави денеска „Ен-Би-Си Њуз“.

Ние не работиме со кинеската армија. Ние работиме со американската Влада, вклучувајќи го и Министерството за одбрана, и тоа во повеќе области како сајбер безбедноста, кадрите и здравствто, изјавил претставник на компанијата.

Трамп претходно на својот Твитер налог објави соопштение дека „Гугл“ ја помага кинеската армија, но не САД.

Критиката од страна на американскиот претседател до оваа корпорација следуваше откако генералот Џозеф Данфорд, претседател на Комитетот на началници на штабовите на оружените сили на САД, изјави дека дејноста на „Гугл“ во Кина е во полза на армијата на таа земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.