САД, Велика Британија и останатите членки на Г7 постигнаа историски договор за оданочување на големите компании како „Гугл“, „Амазон“ и „Фејсбук“, што на владите би можело да им донесе свеж приход од милијарди долари. Тие договорија на овие компании да им се воведе глобален корпоративен данок од најмалку 15%, при што тој ќе биде и поголем во земјите во кои компаниите имаат повеќе заработуваат.

Ова следува откако оваа недела беше објавено дека „Мајкрософт“ лани не платил никаков данок на заработените 315 милијарди долари бидејќи за даночните обврски се води како жител на Бермуда.

САД, Британија, Франција, Германија, Јапонија, Канада и Италија објавија дека постигнале договор по неколку години преговарање и сега ќе се обидат да ги притиснат и другите држави да го следат нивниот пример.

Ова е добра вест за даночната правда и солидарноста, а лоша за даночните реави. Компаниите веќе нема да можат да ги избегнуваат своите даночни обврски и да ги пријавуваат своите профити во држави со ниски даноци – изјави германскиот министер за финансии Олаф Шолц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.