Група луѓе во Шпанија кои пред четири децении преживеаја масовно труење од репка објавија дека го зазеле музејот Прадо во Мадрид и се заканија дека ќе извршат масовно самоубиство доколку владата не ги исполни нивните барања.

Тие бараат од премиерот Педро Санчез да им помогне на жртвите од масовното труење што се случи во 1981 година.

Шест часа по нашето пристигнување овде, ќе почнеме да голтаме апчиња – објавија демонстрантите на профилот на Здружението на жртвите од труењето на Твитер.

Поради употреба на преработено масло од семе од репка во тоа време, илјадници Шпанци добија разни белодробни заболувања, а многумина се уште ги чувствуваат последиците од труењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.