Гром уби десет момчиња на возраст од 11 до 16 години, кои се засолниле од невремето под импровизирано засолниште во градот Аруа, северозападно од Кампала, соопшти денеска полицијата.

Момчињата играа фудбал кога започна невремето и грмотевиците – изјави портпаролката на полицијата.

Семејствата ги земаат телата од мртовечницата и ги подготвуваат за погреби, додаде таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.