Младата активистка Грета Тунберг денес пред економската и политичката елита во Давос изјави дека „ништо не е сторено во практиката за климата“, дури и по неколкумесечната масовна мобилизација на младите луѓе низ целиот свет.

Климата и животната средина денес се жешка тема, но ништо не е сторено во практиката“, рече Грета Тунберг на тркалезната маса на Светскиот економски форум.

Таа изјави дека емисијата на јаглерод диоксид не се намалила и предупреди дека проблемот нема да се реши доколку не го третираме како вистинска криза.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.