Министерството за надворешни работи на Грција, преку соопштение, ги повикува граѓаните да не патуваат на територијата на Украина, а истовремено им препорачува на грчките граѓани кои се таму, веднаш да ја напуштат земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, на Грците кои сè уште се во Украина, грчкото МНР им препорачува да ги достават до амбасадата во Киев нивните податоци за контакт.

Додаваат дека шефот на грчката дипломатија утрово одржал состанок на кој присуствувале министерот за одбрана, министерката за образование и религија, како и заменикот МНР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.