Австралиската Влада соопшти дека поради појавата на новиот сој на коронавирусот Омикрон ја пролонгира одлуката за повторно отворање на своите граници.

Границите требаше утре да бидат отворени за вакцинираните, но е одложено за 15 декември. Исто така е одложено отворањето на границите за патниците од Јапонија и од Јужна Кореја до 15 декември.

Во владиното соопштение се истакнува дека привременото одложување е со цел да се добие време за прибирање на информации кои се потребни подобро да се разбере Омикрон сојот на вирусот.

Австралија е земја во која процентот на вакцинирани граѓани е прилично висок. Прва доза од вацината против Ковид-19 примиле над 92 отсто од лицата постари од 16 години, а целосно имунизирани се 87 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.