Гласачите во Берлин го поддржаа предлогот на градските власти од корпоративните сопственици да бидат преземени речиси 250.000 станови, во вредност од повеќе милијарди евра, со цел да се запре растот на цените за закуп.

Според конечните резултати од вчера одржаниот референдум, 56,4 отсто од гласачите поддржуваат експропријација, а 39 проценти се против.

Референдумот ја принудува Владата во Берлин да ја разгледа можноста за експропријација на становите.

Цените за наем изминатите години станаа недостапни за многу жители на Берлин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.