Градоначалникот на Бриж во Белгија, Дирк Де Фов (62) денеска беше прободен со нож во вратот, а по операцијата закрепнува и е вон животна опасност, додека неговиот напаѓач е уапсен, објави обвинителството на градот.

Тој е добар, но мора да остане во болница до утре, додаде обвинителството во соопштение.

Според првичните извештаи, градоначалникот, кој исто така е адвокат, бил нападнат од поранешен клиент кого некогаш го бранел на суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.