Во центарот на скандал се нашол унгарскиот политичар Жсолт Боркаи кога биле објавени негови фотографии на кои е во друштво на неколку проституки, а испливале и снимки од секс меѓу него и една жена.

Унгарскиот новинар, Боркаи го обвинува за злоупотреба на моќта, корупција, користење на дрога и улуги од проституки, скандалозните текстови за градоначалникот на унгарскиот град Ѓер и поранешен претседател на Унгарскиот олимписки одбор биле објавени на еден блог.

На блогот „Адвокатот на ѓаволот“ откриено е дека станува збор за градоначалникот Боркаи, кој инаку е поранешен олимписки првак во гимнастика. Другиот човек е Золтан Рокосфалвиј, еден од највлијателните бизнисмени во Ѓер.

На интернет потоа се појавиле и сними и фотографии од патување со јахта по Јадранот, а се е снимено во близина на Дубровник. На нив се гледа дека градоначалникот и неговиот пријател биле со проститки. На една фотографија се гледа и сексот на градоначалникот со една од тие девојки, а видеото било објавено и на една од најпопуларните порно страници.

Боркаи се откажал од еден јавен настап и издал кратко соопштение:

Лагите објавени за мене ги сметам за дел од циркусот на кампањата на опозицијата која има за цел да го сврти вниманието од сопствената неспособност“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.