Дарио Вивас, градоначалникот на главниот град на Венцуела, Каракас, починал од последици предизвикани од корона вирусот.

Веста на Твитер ја објави обвинителот на оваа јужномаериканска држава, Тарек Вилијам Саб.

Многу ни е жал што замина нашиот добар пријател и посветен револуционер Дарио Вивас, со кој се боревме на улиците на Каракас од 80-тите години да го одбраниме нашиот народ и нашата земја – напиша Саб на Твитер.

Починатиот градоначалник, 70-годишниот Вивас, кој беше близок пријател на претседателот Николас Мадуро, уште на 19 јули објави дека е позитивен на Ковид-19.

Вивас е првиот висок функционер во Венецуела кој починал од корона вирус.

Во Венецуела со Ковид-19 се инфицирани 29.088 лица од кои починале 247 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.