Градоначалникот на белгискиот град Антверпен, Барт де Вевер, кој е лидер на сепаратистичката Нова фламанска алијанса и еден од најмоќните политичари во Белгија, ја почна новата година со непријатност, откако беше фатен дека за време на ТВ-интервју не носи панталони.

Носите многу убава кошула, веројатно ја избравте специјално за нас. Но, под кошулата, дали сте во долна облека – го праша градоначалникот новинарката на Радио 2, Ким Дебри за време на онлајн интервјуто.

Ваквата непријатност за време на интервјуто, на Де Вивер му се случи затоа што беше седнат свртен со грбот кон огледалото во неговата работна соба, поради што на гледачите им беше јасно дека тој не носи панталони.


Прво ја праша новинарката како го забележала тоа, но во следниот момент сфати колку е „разоткриен“.

Не забележав… Мојата година почнува со овој срамен момент што долго ќе го паметам – кажа градоначалникот без панталони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.