Градоначалничката на Париз, Ана Идалго (62) денеска објави дека би сакала да се кандидира на француските претседателски избори во 2022 година пред социјалистичката листа, иако анкетите во моментов покажуваат дека таа има мали шанси да победи, доколку не ја обедини поделената левица.

-Знаејќи во колку сериозни времиња живееме, за да дадам надеж на нашите животи, решив да бидам кандидат на претседателските избори, рече Идалго за време на посетата на градот Руан, пренесе Ројтерс.

Идалго, која стана првата жена градоначалник на Париз во 2014 година, е меѓу неколкуте високи политичари од левицата, според анкетите, таа имала околу осум проценти од гласачите во април, кога станува збор за првиот круг на гласање.

Актуелен претседател на Франција е Емануел Макрон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.