Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, предлага забрана за влез на туристите во познатите кафулиња низ градот во кои се продава марихуана.

Голем број туристи доаѓаат во Амстердам само за консумирање на лесните дроги, а таквите туристи станаа досадни, изјави Халсема на јавната телевизија.

Градоначалничката Халсема, членка на Зелената партија ГроенЛинкс, на фунцкијата е од 2018 година.

Амстердам е космополитски град и ние сакаме туристи, но би сакале тие да доаѓаат поради неговата убавина и култура, рече таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.