Италијанската финансиска полиција го открила авторот на досега најголемиот грабеж во областа на сајбер финансиите, односно берзата на која се разменува криптовалутата Биткон.

Како што пренесува агенцијата „Аги“, станува збор за 34-годишен маж од Фиренца, кој како сопственик на овластена компанија за промена на криптовалута, оштетил штедачи од целиот свет за 120 милиони евра.

Исто така, тој им овозможил и на други хакери преку информатичката платформа „Битгрејл“ да пренасочат пари од штедачите на нивни сметки. На тој начин оштетиле вкупно 230.000 сопственици на крипто-валути од целиот свет.

Операцијата е успешно завршена благодарение на соработката на италијанската полиција и Интерпол.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.