Борис Џонсон, премиерот на Велика Британија, вчера плачел во приватните соби на парламентот, тврдат пратеници од редовите на Ториевците. Тој се соочи со тешки обвинувања за неговото справување со ковид-кризата, особено откако се дозна дека присуствувал на забава со стотина луѓе, јавува Нова.

Борис плачеше пред неколкумина од нас. Постојано велеше – извини. Знае дека е готов – изјави еден пратеник за „Мејл он Сандеј“.

Околу 20 пратеници вчера одржаа состанок за да го координираат испраќањето писма потребни за да се започне со гласањето за недоверба на Џонсон. Постојат шпекулации дека прагот од 54 писма за да се иницира гласање недоверба може да се достигне уште денеска.

Иако се чини дека пристигнуваат многу писма, другите пратеници сакаат да ги почекаат резултатите од истрагата за аферата „Партигејт“ што ја спроведе највисоката државна службеничка Сју Греј, кои би можеле да пристигнат веќе во петок.

Во моментов се одржува собраниска седница, на која Џонсон одговара на бројните обвинувања од пратениците на ториевците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.