На насловната страница на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ објавена е карикатура од Господ прикажан како со полициско комбе го спроведуваат во затвор. Оваа карикатура доаѓа во пресрет на пресудата за осомничените за логистичка поддршка во нападите на уредништвото на тоа списание во 2015 година.

Авторот на карикатурата на насловната страна Франсоа Бук заедно со авторот Јаник Енел го задолжи списанието да ги повика сите да го следат судењето кое почна пред повеќе од три месеци, пренесуваат француските медиуми.

На полициското комбе со кое се спроведува Господ до затвор пишува „Бог е повторно на свето место“. (Dieu remis a sa place).

Со пресудата за 14 лица обвинети за логистичка поддршка во нападот „конечно ќе се затвори кругот на насилство што почна во просториите на Шарли Ебдо. Кругот ќе се затвори барем што се однесува до казните, зошто, гледано човечки, последиците никогаш нема да исчезнат, што покажаа и исказите од жртвите во текот на судењето – пишува во воведниот напис Рис, уредникот и сопственик на сатиричниот неделник, кој во 2015 година стана мета на џихадистите поради карикатура од пророкот Мухамед.

Двајца вооружени напаѓачи на 7. јануари 2015 година во препладневните часови влетаа во просториите на Шарли Ебдо во Париз и убија 12, а ранија 11 лица.

По осомничените напаѓачи се трагаше во наредните три дена, се додека по повеќечасовна опсада на печатница во предградие на Париз не беа убиени браќата Саид и Шериф Куачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.