Голем пожар изби во едно од седиштата на компанијата „Хуавеј“ во Кина и тоа во лабораторијата за истражување и развој во јужниот град Донгуан.

Густи облаци црн чад се издигнуваат од кинескиот технолошки џин, а бројни минувачи споделуваат снимки на социјалните мрежи.

На снимките се гледа дека гордниот дел од објектот е целосно во чад. Точните причини за пожарот не се познати, но според локалните пожарникари најверојатно се запалил памукот за звучна изолација, а огнот брзо се проширил.

Според првичните информации, никој не е повреден, а целата зграда е евакуирана. Голем број пожарникари се обидуваат да го изгаснат огнот.

Од „Хуавеј“ нема стигнато официјално соопштение. а лабораторијата која гори служи за тестирање на 4G и 5G антените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.